Младинските категории во ракомет секогаш биле интересни за следење, пред се поради појавата на новиот бран на талентирани играчи. Иако во Женската кадетска лига во досегашниот тек од новата сезона се одиграа само две кола, може да се каже дека Делчево во својот тим има дијамант во името на Мелита Стоименова (2009г). Младиот ас на Делчево настапува на позицијата лев бек и уште на првите два одиграни натпревари покажа дека поседува голем талент. На првиот одигран натпревар против Металург даде 16 гола, а на вториот против Вардар еден помалку, односно 15. Нејзината игра ја красат борбеноста и пожртвуваноста, ударите од 9-10 метри, интелегентните и вешти промени на правци, асистенциите, одличната реализација од седум метри….
Играчите како Стоименува секогаш биле интересни за поголемите клубови од македонската престолнина и најчесто завршувале во нивните редови.