Нов пораз за МЗТ и Работнички во АБА 2

47

Екипите на МЗТ Скопје и Работнички вечерва беа поразени на гостувањето во Словенија, односно БиХ, во рамки од 4. коло од АБА 2 лигата.

Аеродромци повторно одиграа драматичен натпревар против Домжале и загубија со 68:67, откако шутот на Брендон Слај беше блокиран, па така можеше да започне домашното славје.

Најефикасен во тимот на МЗТ Скопје беше Дион Едвин со 16 поени, а 15 додаде Брендон Слај. Кај домашниот тим најмногу се истакна Сретен Кнежевиќ со 16 поени.

Работнички повторно одигра лош натпревар против Босна, загуби со 84:58 во солидно исполнетата „Скендерија“. За Работнички  ова беше четврти пораз и веќе ги загуби сите шанси за понатамошен пласман во АБА 2 лигата.

Кај Работнички прво име беше Ирман Полутак со 19 поени, девет додаде Џексон Дубински, останатите играчи беа под просекот. Во победничката екипа најрасположен беше Петар Ковачевиќ со 16 поени.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе