Пуштени во продажба влезниците за квалификацискиот меч на Македонија со поранешниот европски шампион

159

Репрезентацијата на Македонија na 21 ноември во рамки од 3. коло од квалификациите за Европското првенство 2025 на свој терен ќе ја пречека Литванија. За Македонија, која во квалификациите има една победа, она против Полска на гостински терен, дуелот со балтичката земја ќе биде од голема важност, па поради тоа се очекува „црвено-жолтите“ да имаат голема поддршка од трибините.

Натпреварот меѓу Македонија и поранешниот европски шампион ќе се одигра во СРЦ „Кале“, со почеток од 18:00 часот, а билетите ќе се продаваат преку онлајн сервисот на „МК Тикетс“.

Влезници се продаваат по цена од 300 денари, а сите заинтересирани можат да ги набават на следниов ЛИНК.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе