Машката репрезентација на Македонија загуби со 94:72 од Литванија во рамки од 4. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024, но останува во игра да учествува на континенталниот собир. Полска со победата над Естонија им направи услуга на „црвено-жолтите“, па сега избраниците на Александар Јончевкси сами ќе си ја кројат судбината.
Македонија предводена од Ненад Димитријевиќ покажа одлична игра во најголемиот дел од натпреварот, на полувреме имаше предност од 46:43, по 30 минути игра резултатот беше 64:62 за домаќините, додека во последните десет минути од натпреварот нашата репрезентација не можеше ништо да направи, бидејќи остана без Димитријевиќ, кој се повреди и мораше да го напушти теренот. Токму во тој дел до израз дојде квалитетот меѓу двете репрезентации, домаќинот започна постепено да се одлепува и на крај се израдува на висока победа.
Токму Димитријевиќ беше убедливо најдобар поединец, за 30 минути постигна 43 поени, а зад своето име запиша и шест асистенции, а Бојан Крстевски и Бобан Стајиќ запишаа по шест поени.