Македонскиот вицепрвак Вардар со победа се прости од Европа, откако во натпревар од последното коло од групната фаза во Лигата на Европа славеше против Мелсунген со 32:30 (17:17). За тимот предводен од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, ова беше прв сезонски пораз на европска сцена.
Најефикасни кај Вардар беа Ларс Коиј со осум и Младен Крсманиќ со шест гола од шест обиди. Еспиња се покажа во одлично светло меѓу стативите и натпреварот го заврши со 15 интервенции.
Вардар на шест одиграни натпревари во Лигата на Европа оствари две победи, едно реми и три порази, два од Порто и еден на гости кај Мелсунген.