Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер на гостувањето во Унгарија кај Веспрем загуби со 33:26 во натпревар од 9. коло од Лигата на шампионите. Домаќините одиграа доминантно во текот на целиот натпревар, на пауза имаа предност од 20:11 и според планираното го одиграа вториот дел.
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Филип Кузмановски со шест и Богдан Радивојевиќ со пет гола. Кај Веспрем се истакнаа Лудовик Фабрегас и Сергеј Косоротов, двајцата имаа по седум реализации.
Еурофарм Пелистер во следното коло ќе ја пречека Висла Плоцк, која денес славеше над Фредериција со девет гола разлика, 30:21.