ЖРК Чаир: Запалување на знамиња никогаш не било патриотизам, туку само примитивизам

568

Женскиот ракометен клуб Чаир го осуди вчерашниот чин на кинење и сквернавење на македонското знаме за време на прославата по повод 28 ноември, кој Албанците го одбележуваат како Ден на албанското знаме. Во дел од соопштението на клубот, пласирано на социјалните мрежи, се истакнува дека љубовта кон националното знаме не смее да биде изразена преку постапки кои го нарушуваат угледот на сопствениот народ.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе