Мартин Клинчаров е нов претседател на Сојузот на спортските федерации на Македонија

131

На денешното собрание при ССФМ за нов претседател беше избран поранешниот младински и кадетски репрезентативец на ракометната репрезентација на Македонија, Мартин Клинчаров. Оваа година, собранието го имаше предзнакот изборно, со оглед на фактот што досегашниот преседател Наташа Илиевска Јордановска го заврши својот втор четиригодишен мандат на чело на сојузот.

По предлог на кандидационата комисија, како единствен кандидат за нов претседател беше предложен Мартин Клинчаров. Поранешното лево крило на македонските шампиони Металург и Вардар, косовска Приштина како и хрватскиот Умаг, беше едногласно избран од присутните 37 спортски федерации и општински спортски сојузи, членки на собранието на ССФМ.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе