Средниот бек Ивановски заминува од Битола и се сели во тимот на Лазаров

115

Охриѓанецот Мартин Ивановски во понатамошниот дел од неговата кариера ќе настапува за моментално првопласирнаиот тим од Супер лигата – Алкалоид. Средниот бек во тимот од Автокоманда ќе се пресели од Еурофарм Пелистер 2, за вториот тим на битолчани настапуваше од сезона 2022/23.

Ивановски е дете на Охрид, таму ги мина сите младински категории, стигна до сениорскиот тим, во суперлигашкото друштво имаше забележителни партии, а  sвоевремено беше дел од камп на унгарскиот гигант Веспрем. 23-годишниот ракометар беше на поширокиот список кај селекторот Лазаров за настапот на Светското првенство во јануари.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе