Репрезентацијата на Хрватска ја совлада Македонија со 27:25 на пријателски натпревар во Вараждин, но во таборот на „коцкестите“ се незадоволни од прикажаната игра против „црвено-жолтите“.
,,Во првото полувреме одбраната беше ужасна, а шутот од надвор беше уште полош. Направивме премногу грешки на натпреварот. Сепак, вториот дел беше подобар и секако имаме поголем потенцијал да се поправиме. Нашата одбрана е посилна, но мораме да бидеме подобри во нападот”, изјави селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон.
Хрватска е еден од ко-организаторите на Мундијалот 2025 и за ривали во групната фаза ги има репрезентациите на Египет, Аргентина и Бахреин.