Суперлигашот Куманово ги започна подготовките за вториот дел од сезоната, во која ќе атакува на задржување на суперлигашкиот статус. За остварување на целта, Куманово беше активен на трансфер пазарот и осетно се засили за најважниот дел од сезоната.
Нови лица во Куманово се пивотот Жоао Виктор Соарес Флорес, левиот бек Џанкарло Фелипе Хен, десниот бек Гиљерме Да Силва Фернандес, средниот бек Лука Матачиќ, како и двајцата млади ракометари – кружниот напаѓач Стефан Лазаревски и голманот Григор Трајковски.
Од клубот заминаа Уча Гамзардија и Борјан Цековски, кои до крајот на сезоната ќе ги бранат боите на прволигашот Младост Богданци.
Во Куманово до крајот на наредната недела треба да пристигнат интернаицоналците од Бразил.