Ни „Д“ од дерби: Шампионот лесно се справи со пелистерци

40

Со натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Пелистер беше комплетирано 13. коло во Првата лига, а дербито во СЦ „Јане Сандански“ мина во знакот на актуелниот шампион, кој славеше со 82:62. Аеродромци одиграа одлично во текот на целиот натпревар и со камата им се реваншираа на пелистерци за поразот во Битола.

Предводник во победничката екипа беше Едвин, кој имаше 20 поени, а свој ден имаа уште Магдевски и Маслинко со 16, односно 15 поени. Во таборот на Пелистер се истакнаа Антоан и Стајиќ со по 14 поени.

Прва лига, 13. коло, резултати:
Работнички – Шкупи 103:68
Тиквеш – Куманово 84:83
Вардар – Кожув 77:103
МЗТ Скопје – Пелистер 82:62
ТФТ – Гостивар 77:71
Чаир – Феникс 85:82

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе