Кузмановски лидер на стрелците на Светското првенство

201

Машката репрезентација на Македонија ја оствари првичната цел на Светското првенство 2025 обезбедувајќи пласман во главната фаза. Избраниците на Лазаров во групната фаза остварија реми против Унгарија, беа поразени од Холандија, додека на натпреварот со Гвинеја беа доминантни и победија убедливо.

На одиграните натпревари шутерски расположен беше капитенот Филип Кузмановски, кој моментално е најдобар стрелец на Мундијалот. Битолчанецот на три натпревари постигна вкупно 31 погодок, а еден гол помалку од Кузмановски има Холаѓанецот Тен Велде.

Кузмановски е прв и на листата на најкорисни ракометари со 40 поени (31 гол и девет асистенции).

Македонија во главната фаза ќе игра против репрезентациите на Австрија, Катар и Франција.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе