Репрезентацијата на Австрија е првиот ривал на Македонија во рамки од главната фаза на Мундијалот 2025. Австрија главната фаза ќе ја стартува со два бода и на утрешниот натпревар ќе посакува победа, со цел да има било-какви шанси за евентуално четвртфинале.
Селекторот на Австрија, Алеш Пајовиќ, ги истакна очекувањата за натпреварите од главната фаза и имаше пофални зборови за македонската репрезентација.
,,Унгарија, Холандија и Македонија се репрезентации против кого имаме шанси. Можеме да ги добиеме сите три натпревари, но можеме и да ги загубиме сите три. Нашиот план е секако да победиме. Македонија има промена на генерацијата, освен ветераните како голманот Никола Митревски, пивотот Жарко Пешевски, дефанзивецот Никола Марковски, останатите се млади и надежни ракометари, голем дел од нив родени по 2000-та година. Просечната возраст на македонската репрезентација е 25,5 години. Тие се борбени, се борат, го даваат максимумот, исто како и моите момци”, изјави Пајовиќ.
Утрешниот натпревар меѓу Македонија и Австрија е на програмата од 15:30 часот.