Машката репрезентација на Македонија со голот на Филип Кузмановски одигра реми против Австрија, 29:29, во натпревар од 1. коло од главната фаза на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска.
Капитенот Кузмановски по големата драма и освоениот бод ги сподели импресиите.
,,На крајот можев да бидам трагичар, промашив пенал, но на крај ме посака среќата. Имавме само пет секунди, имав самодоверба, презедов одговорност и успеав”, вели Кузмановски.
Македонија до крајот од главната фаза ќе игра против репрезентациите на Катар и Франција.