Македонија целосно го надигра Катар на Веселин Вујовиќ

362

Машката репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на Светското првенство 2025, откако во натпреварот со Катар триумфираше со 39:34.  Македонија со денешниот триумф стигна до четири бода во својата група и сега моментално се наоѓа на втората позиција. Ова значи дека Македонија ќе заврши во ТОП 20 и ќе има теоретски шанси за евентуално четвртфинале.

Уште од самиот старт нашите ракометари покажаа дека се поквалитетен ривал, избраниците на Вујовиќ само во неколку наврати успеаја да израмнат, а сѐ останато, освен првите пет минути од вториот дел, мина во знакот на „црвено-жолтите“.

Најефикасни кај Македонија беа Филип Кузмановски и Жарко Пешевски, двајцата имаа по шест погодоци, по пет имаа Марко Митев и Ненад Костески.

Следен предизвик за избраниците на Кире Лазаров е натпреварот против еден од фаворитите за освојување на златото – Франција.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе