По зимската пауза, викендов продолжија натпреварите во Втората кошаркарска лига, а на победа се радуваа екипите на Ангели, Водно Санс, МЗТ Скопје Уни Банка, Соколи, Академија ФМП и Маџари.
Избраниците на Игор Гацов по вторпат беа подобри од Борец баскет, триумфираа со 87:71, додека на првото сезонско соочување резултатот беше 90:86 за поранешниот прволигаш. Ангели во следното коло за ривал го имаат Охрид, па така се очекува интересна пресметка во СРЦ „Билјанини извори“.
Водно Санс славеше над Црн Дим со 96:90, додека кошаркарите на Соколи на свој терен успеаја да го надиграат Бутел триумфирајќи со 87:76. Резултатите од 12. коло само потврдија дека до крајот од сезоната ќе има голема неизвесност за првите места на табелата.
Втора лига, 12. коло, резултати:
МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички 86:69
Ангели – Борец баскет 87:71
Водно Санс – Црн Дрим 96:90
Соколи 87 Бутел 76
Академија ФМП – Мега баскет 89:63
Маџари – Охрид 93:70
Табела: Ангели 22, Соколи 22, Маџари 21, Борец баскет 20, Црн Дрим 20, МЗТ Скопје Уни Банка 18, Бутел 17, Мега баскет 17, Охрид 17, Работнички 14, Академија ФМП 14, Водно Санс 14