Довчерашниот интернационалец Бобан Петров реши да се врати дома, откако се договори на соработка со дебитантот во Супер лигата, Фруитленд Борец.
Иако Петров има само 20 години, зад себе има интернационално искуство стекнато во Германија, таму беше дел од младинскиот тим на Кил, а првиот дел од тековната сезона го помина во Котбус.
Велешанецот во вториот тим на европскиот гигант имаше можност да напредува во играта и да добива совети од големите ѕвезди – Домагој Дувњак, Никлас Екберг, Руне Дамке…
Петров , кој потекнува од школата на Велес 2009, за првпат ќе има можност да ги презентира своите квалитети во најквалитетното натпреварување во Македонија.
Тимот од Велес ќе се бори за опстанок во суперлигашкото друштво и со новите ангажирани засилувања се надева дека ќе го задржи суперлигашкиот статус.