Прволигашот Феникс преку социјалните мрежи соопшти дека во новата сезона капитен на екипата ќе остане Андреј Митревски (2003), кој во скопскиот прволигаш настапува од 2014 година. Митревски ги помина сите младински категории во тимот на Феникс, го предводеше клубот до бројни трофеи на домашната и интернационалната сцена, беше еден од клучните играчи со кој клубот обезбеди место во Првата лига, а изминатите три сезони одигра и 64 натпревари во елитниот домашен шампионат. Иако пред две сезони Митревски имаше понуда да започне интернационална кариера, младиот ракометар реши да остане во „виолетово-жолтиот“ дрес.