МЗТ Скопје без проблеми го одбрани трофејот во Купот!

101

Трета година по ред МЗТ Скопје е освојувач на Купот на Македонија, откако во денешното финале во Гевгелија славеа над Кожув со 86-61 (23-15, 19-12, 21-22, 20-12). Аеродромци доминираа во текот на целиот натпревар, а домаќинот, односно организаторот на годинешниот завршен турнир, ја доби само третата четвртина, недоволно за поволен резултат.

Победничката екипа беше предводена од Маслинко со 17 и Крстевски со по 16 поени, додека кај Кожув се истакна Стевановиќ со 20 поени.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе