Македонскиот интернационалец Андреј Јакимовски одигра одличен натпревар и беше најдобар на теренот во победата на Колорадо во НЦАА лигата. Тимот на Јакимовски славеше над УЦФ со 76:63, а Македонецот на теренот помина 26 минути и имаше 15 поени, 6 скокови и една асистенција.
Јакимовски се најде на поширокиот список на селекторот Александар Јончевски за третиот евро-квалификациски прозорец, односно за натпреварите против Естонија и Полска, па така може да биде задоволен од формата на младиот кошаркар.