Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер славеше против Охрид со 27:25 (16:13) во дерби дуелот од 18. коло од суперлигашката конкуренција. Иако охриѓани посакуваа изненадување пред својата публика, сепак, пелистерци не дозволија да направат кикс и на крилата на Хосни и Тајник, како и одличниот голман Ивиќ, се враќаат со цел плен.
Охриѓани уште еднаш покажаа дека можат да бидат незгоден ривал и сигурно до плеј-оф фазата ќе бидат сѐ подобри. Како што е познато, тимот на Охрид веќе има обезбедено пласман во ТОП 6.
Битолчани нема да имаат многу време за одмор, бидејќи в четврток на свој терен ќе го пречекаат Динамо Букурешт и со евентуална победа над романскиот шампион ќе направат голем исчекор кон посакуваната цел за оваа сезона – осминафинале во ЛШ.
Супер лига, 18. коло, резултати:
Охрид – Еурофарм Пелистер 25:27
Бутел – Тиквеш 21:33
Вардар – Прилеп 36:25
Радовиш – Струга 33:30
Куманово – Пролет 23:21
Алкалоид – Борец ФЛ – 17.02 – 19:00