Машката кошаркарска репрезентација на Македонија загуби од Естонија со 84:65 во претпоследното квалификациско коло за пласман на Евробаскетот 2025. Поразот од балтичката селекција за Македонија значи завршување на сонот за евентуален пласман, па така во последното коло избраниците на Јончевски ќе се обидат со победа над Полска да го завршат квалификацискиот циклус.
Иако Македонија парираше едно полувреме, сепак, во вториот дел домаќините ја направија потребната разлика, а интернационалците Димитријевиќ и Шортс не можеа сами да се носат со разиграните домаќини. Фактот дека двајцата постигнаа вкупно 41 поен, а Маслинко застана на 14, доволно говори каква била играта на останатите играчи.
Македонија последниот настап на едно големо натпреварување го имаше во 2011 на Европското првенство во Литванија кога беше најголемо изненадување со освоеното 4-то место/
Од групата Х, освен Естонија, пласман на Евробаскетот обезбеди и Литванија, која без многу проблеми денеска славеше над Полска со 82:48.