Македонскиот интернационалец Матеј Цветаноски изминатиот викенд го постигна дебитанскиот гол за Железничар во рамки од 3. коло од босанскиот шампионат. Железничар за трет ривал го имаше Игман, а Цветаноски реализираше во 60 минута за водство на својот тим од 3:0. Гостите немаа многу сили да направат комплетен пресврт, па така конечниот исход од натпреварот на „Грбавица“ беше 3:1. По одиграното коло, беа избрани најдобрите 11 и во идеалниот тим место имаше токму за крилниот напаѓач од Македонија. Во Железничар настапува и Мартин Мирчевски, кој исто така во сараевскиот клуб се пресели во оваа сезона.