ЖРК Атлетик – нов амбициозен проект во женскиот ракомет

311

На домашна сцена се роди нов клуб – ЖРК Атлетик, кој од следната сезона ќе се натпреварува во сите категории на домашната сцена. Станува збор за амбициозен проект од Скопје во кој се вклучени поранешните ракометарки на Вардар – Ина Суслина, Татјана Хмирова, Ивана Велковска и Ана Стојков.

Претседател на клубот е Горан Стојков, додека неговата сопруга Ана ќе ја извршува функцијата директор.

,,Со големо задоволство ви го најавуваме проектот кој го смисливме со многу голема љубов и желба, проект за кој веруваме дека ќе биде нешто посебно во женскиот ракомет, клуб на кој сите ќе бидеме горди. Стекнатото искуството во европскиот женски ракомет преку најелитното натпреварување во Европа, ЕХФ Лигата на шампиони во годините наназад заедно со нашиот стручен тим на клубот ќе ни овозможи полесно да ги оствариме зацртаните цели со исклучиво наши македонски играчи. Целта е јасна, преку сите овозможени услови за работа да се создадат врвни ракометарки со кои достоинствено ќе ја претставуваме Македонија на европската сцена“, вели Ана Стојков во име на менаџментот.

Легендарната Ина Суслина ќе биде спортски директор, а Татјана Хмирова главен тренер на екипата. Во стручниот штаб се приклучуваат и искусни професионалци – Тања Андреева ќе биде задолжена за  голманите, додека кондициски тренер ќе биде поранешниот репрезентативец Дејан Пецаковски.

ЖРК Атлетик има јасна визија – создавање на врвни македонски ракометарки. Клубот ќе настојува да постави високи стандарди во женскиот ракомет

„Пресреќна сум што сум дел од овој прекрасен нов проект ЖРК Атлетик, клуб со позитивна и перспективна иднина и прекрасни луѓе. Мислам дека имаме одличен тренерски колектив со свежи идеи и мисли, подготвен да даде 200% од себе. Нè очекува многу работа, со нетрпение го очекувам почетокот на сезоната“, изјави Хмирова.

Со појавата на новиот женски клуб, ќе се зголеми конкуренцијата во единственото женско сениорско натпреварување во нашата држава.

УПРАВА НА ЖРК АТЛЕТИК

ПРЕТСЕДАТЕЛ Горан Стојков,

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ Дејан Блажески,

ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР Ана Стојков,

СПОРТСКИ ДИРЕКТОР Инна Суслина,

ОПЕРАТИВЕН МЕНАЏЕР Михаела Митреска,

ГЛАВЕН ТРЕНЕР Татјана Хмирова,

АСИСТЕНТ ТРЕНЕР Ивана Велковска,

ТРЕНЕР НА ГОЛМАНИ Тања Андрејева,

КОНДИЦИОНЕН ТРЕНЕР Дејан Пецаковски,

ФИТНЕС ТРЕНЕР Марија Дурљанова,

ФИЗИОТЕРАПЕВТ Нина Димковска,

СПОРТСКИ ПСИХОЛОГ Кирил Насков.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT