Екипата на Патриот од Делчево и во следната сезона ќе се натпреварува со најдобрите екипи од Македонија, откако успеа да избори опстанок во Првата А лига.
Избраничките на Љупчо Петровски во претпоследното коло од регуларниот дел гостуваа во Кавадарци кај Пробаскет, загубија со 74:64, но поради подобриот меѓусебен скор, триумфираа со 82:59 на првото соочување, ја освоија шестата позиција на табелата.
Петровски на натпреварот во Кавадарци не можеше да смета на капитенот Ана Ангеловска, која беше оправдано отсутна.
Патриот во последното коло ќе го пречека освојувачот на Купот на Македонија – Вардар.