Ракометарките на Пелистер на гостувањето во Свети Николе кај Овче Поле Славјански Универзитет триумфираа со 29:22 (10:10) во натпревар од 9. коло од плеј-аутот во Женската лига. Битолчанки во победата беа предводени од Моника Босилковска, која натпреварот го заврши со десет погодоци. Особено атрактивен беше нејзиниот гол во финишот од првото полувреме, кога испрати проектил кој противничката голманка немаше шанси да го одбрани.
Босилковска игра на позицијата лево крило, но знае да одигра и како бек.
Атрактивниот погодок на Босилковска погледенте го на видеото во продолжение.