Започнува борбата за елитата – познати четвртфиналните парови кај второлигашите!

97

Регуларниот дел од второлигашката кошарка во Македонија заврши вчера со комплетирање на 22. коло. Пред ова коло, неизвесноста беше голема, особено во поглед на врвот на табелата.

Маџари и Ангели завршија на првите две места, двете екипи регуларниот дел го завршија со биланс од 18/4, но тимот на Маџари заврши како првопласиран поради подобриот скор во меѓусебните дуели.

Маџари за ривал во четвртфиналето го доби Охрид, кој заврши на 8. позиција, додека Ангели за ривал го има Борец од Велес. Соколи од Штип, тим кој исто така беше во игра за првата позиција на табелата, за пласман во полуфиналето ќе се бори против Бутел, додека Црн Дрим ќе игра против вториот тим на МЗТ Скопје.

Пласман во Првата лига ќе изборат двата финалисти, а во четвртфиналето и полуфиналето се игра до две победи, додека за шампионот во второлигашката конкуренција одлучува само еден меч.

Четвртфинални парови:

Маџари – Охрид
Ангели – Борец
Соколи – Бутел
Црн Дрим – МЗТ Скопје 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT