🎥Форма за репрезентација – Цветановска со нова одлична партија

345

Екипата на Куманово во натпревар од 16. коло од плеј-оф фазата во Женската лига на свој терен беше подобар од Вардар со 27:26 (12:16). Една од најзаслужните за победата на домашниот тим беше Сара Цветановска, која натпреварот го заврши со четири погодци.

Цветановска веќе неколку сезони игра одлично во Женската лига, а освен што е сигурна и борбена на позицијата пивот, таа по потреба успешно се снаоѓа и на бековските позиции, што ѝ дава дополнителна вредност на екипата. Младата ракометарка се истакнува и со цврста и пожртвувана игра во одбраната.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT