Томовски ќе им биде ноќна мора на Естонците

97

Машката сениорска репрезентација на Македонија славеше во Талин против Естонија со 36:17 во претпоследниот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство 2026, а голем удел во убедливата победа имаше голманот Мартин Томовски, кој по подолго време се врати во националниот тим и го оправда повикот на селекторот Лазаров.

Томовски бранеше едно полувреме и успеа да одбрани 13 удари од 19 обиди на домашните ракометари (69% успешност), па заслужено го доби признанието МВП на натпреварот.

Во вториот дел од оваа сезона, Томовски има забележителни партии во Бундес лигата. Како што е познато, тој на лето ќе си замине од редовите на Потсдам.

Македонија во последното коло од квалификацискиот циклус ќе ја пречека Литванија. Со победа од три гола, нашата репрезентација ќе има сигурен пласман на континенталниот собир.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT