Драгана Петковска и Јувента Михаловце станаа шампиони на Словачка!

306

Екипата на Јувента Михаловце, каде што настапува македонската репрезентативка Драгана Петковска, ја освои шампионската титула во словачкиот шампионат. По пауза од три години, Јувента успеа повторно да се искачи на домашниот трон и да стигне до својата 15-та титула.

Петковска во вториот дел од оваа сезона пристигна во редовите на Јувента Михаловце и уште на стартот се покажа во одлично светло.

Искусната голманка својата ракометна кариера ја започна во школата на Индира Кастратовиќ, а потоа настапуваше за првиот и вториот тим на Вардар.

По заминувањето од Вардар започна да гради интернационална кариера. Настапуваше за турскиот Андерсен, данските суперлигаши Силкеборг и Сондерјиске, српската Јагодина, израелскиот Макаби Ришон ле Зион, грчкиот АЕК Атина и италијанскиот Салерно – клуб од кој се пресели во Словачка.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT