Еден од најдобрите млади голмани потпиша за Барса

207

Репрезентативецот на Исланд, Виктор Халгримсон, направи трансфер од соништата – од следната сезона ќе го брани голот на актуелниот европски првак Барселона. Исланѓанецот важи за еден од најдобрите голмани во Европа, а трансферот во каталонскиот гигант е само потврда за неговите квалитети.

24-годишниот голман во Барселона ќе биде замена за Гонзало Перез де Варгас, кој ќе се пресели во Кил. Халгримсон оваа сезона ги брани боите на Висла Плоцк, а претходно настапуваше за француски Нант и данскиот ГОГ Гудме.

Голманот и раководството на Барселона се договорија на соработка од најмалку една сезона.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT