Еден од искусните интернационалци од Македонија, Дарко Димитриевски, имаше одлична сезона зад себе, откако со тимот на Хорнео Аликанте обезбедиja историски пласман во Асобал лигата, која важи за една од поквалитетните во светот.
Хорнео Аликанте ја освои титулата во прволигашката конкуренција во Шпанија и во следната сезона за првпат ќе заигра во Асобал лигата.
Тимот на Димитриевски сезоната ја заврши со 24 победи, едно реми и пет порази. Димитриевски и неговите соиграчи во последното коло триумфираа против Бургос со 35:30, со што само го потврдија првото место на табелата.