Македонскиот репрезентативец Мартин Томовски повторно имаше одлична партија во Бундес лигата, овојпат против силниот Кил.
Томовски и неговиот Потсдам беа поразени со 25:22, а Македонецот натпреварот го заврши со 13 интервенции. На спротивната страна, искусниот Андреас Вулф имаше 20 одбрани, што на крајот се покажа како клучно за триумфот на „зебрите“.
Потсдам во следното коло ќе го пречека Магдебург, додека во последните четири кола ќе игра против екипите на Хановер, Гепинген, Ајзенах и Мелсунген.