Младиот среден бек од Исланд, Рејнир Тор Стефансон се етаблира како еден од најголемите млади таленти во исландскиот ракомет. Во моментов настапува за Фрам, но неговите импресивни настапи не останаа незабележани од поголемите клубови.
Интерес за негово ангажирање постои од данскиот Скјерн и од Мелсунген, клуб предводен од поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, иако неговиот договор со Фрам е до 2026 година, пренесува „RTH Handball“.
19-годишниот Стефансон на Светското младинско првенствово Хрватска (2023) на седум натпревари постигна 35 гола, со што беше еден од клучните играчи на островската земја.
Една година подоцна, на Европското младинско првенство прикажа одлични партии против Шпанија и Норвешка, против двете репрезентации постигна 11 гола, а одличната форма од репрезентацијата ја продолжи и на клупски план.