Кошаркарките на Баскет Кам ја одбранија шампионската титула, откако ја совладаа Крива Паланка во финалната серија со 3:0. Избраничките на Жаклина Стојановска на вечерашниот трет натпревар триумфираа со 67:49 (8-14; 19-22; 8-12; 14-19) и на најдобар можен начин ја завршија сезоната. Екипата од Македонска Каменица четврти пат по ред ја освојува шампионската титула во прволигашката конкуренција.
Крива Паланка со самиот пласман во финалето испиша историја, бидејќи за првпат во својата клупска историја се бореше за титулата. Затоа, составот предводен од Виктор Петровски може да биде задоволен од постигнатиот успех.
Во победничката екипа, Ивана Кметовска реализираше 28 поени, Димова ја следеше со 16, додека капитенот Поп-Димитровска имаше десет реализаци во клучниот меч од серијата. Кај Крива Паланка, Робинсон беше расположена со 23 реализации.
За МВП, односно најкорисен играч во финалето беше прогласена Ивана Кметовска од старо-новиот шампион на Макеоднија.