Синиша Павлов повторно стана интернационалец

42

Прилепчанецот Синиша Павлов повторно стана интернационалац, откако потпиша соработка со амбициозниот тим од Косово, Вјоса. Младиот ракометар минатата година го имаше првиот интернационален предизвик, настапуваше за чешкиот Маломерице, во овој клуб одигра една полусезона, потоа се врати дома и го носеше дресот на Скопје. Десниот бек во својата кариера, освен за матичниот Прилеп, настапуваше уште за Голден Арт и Радовиш.

Според информациите, раководството на Вјоса е на добар пат да донесе уште неколку ракометари од Македонија. Вјоса по пауза од 11 години повторно ќе се натпреварува со најдобрите екипи од Косово. Клубот на Павлов има големи амбиции и посакува да биде сериозен фактор на домашна сцена.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе