Поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, Наталија Дерепаско, ќе биде дел од стручниот штаб на старо-новиот шампион на Русија, ЦСКА Москва, клуб во кој настапуваше и македонската репрезентативка Сара Ристовска.
Дерепаско последниот клупски ангажман го имаше во Ростов Дон, таму соработуваше со Ирина Дибирова, а во московската екипа ќе соработува со уште една легендарна ракометарка – Људмила Бодниева.
Во својата играчка кариера, 52-годишната Дерепаско настапуваше за Спартак Киев, Кометал Ѓорче Петров, Крим и италијанскиот Банколе. Со Крим освои две титули во Лигата на шампионите (2001 и 2003) и три пати беше најдобар стрелец во најквалитетното европско натпреварување (1999, 2003 и 2006).
По завршувањето на играчката кариера, Дерепаско се посвети на тренерската кариера. Таа беше дел од тренерскиот тим на Крим, каде што од 2016 до 2021 година работеше како тренер во младинските категории и како асистент во првиот тим. Во октомври 2021 година, беше назначена за главен тренер на Крим, со кој го освои словенечкиот шампионат и Купот во 2022 година.
Потоа се пресели во Русија, најпрво беше предводник на Феникс, клуб во кој претежно настапуваа ракометарки од Кина, потоа го презеде кормилото на АГУ Адиф, а може да се пофали и со селекторско искуство, бидјеќи еден период ја предводеше женската репрезентација на Кина.