Јагуриновски го одигра натпреварот на кариерата и беше избран за МВП!

335

Екипата на Вардар го освои Куп трофејот на Македонија, откако во финалето на Ф4 турнирот во Охрид славеше над Еурофарм Пелистер со 31:27 (17:14). За „црвено-црниот“ тим ова беше 17-ти трофеј од националниот Куп во својата клупска историја.

Еден од најзаслужните за освоениот трофеј на Вардар беше Томислав Јагуриновски, кој го одигра натпреварот на кариерата и беше прогласен за МВП, односно за најкорисен играч на финалниот меч.

,,Се трудам на одиграм најдобро на секој натпревар, некогаш оди полошо, некогаш подобро. Мислам дека ние бевме помотивирани од Еурофарм Пелистер, повеќе го посакувавме трофејот, изгинавме сите на теренот и во тој сегмент го добивме натпреварот. Немаме многу време за славје, имаме уште два натпревари од Супер лигата, па се надевам дека по тие натпревари повторно ќе славиме”, изјави Јагуриновски.

Капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, го доби признанието за најдобар стрелец, а Мигел Еспиња од Вардар беше избран за најдобар голман.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT