Милано: Имам доверба во секој играч од ростерот

271

Екипата на Вардар го освои Куп трофејот на Македонија, откако во финалето на Ф4 турнирот во Охрид славеше над Еурофарм Пелистер со 31:27 (17:14). За „црвено-црниот“ тим ова беше 17-ти трофеј од националниот Куп во својата клупска историја.

Тренерот на Вардар, Гиљермо Милано, ги сподели импресиите по освоениот Куп трофеј.

,,Морам да кажам дека верував во моите ракометари и натпреварот беше во нивни раце. Сакам да му честитам на Еурофарм Пелистер за прикажаното на теренот, но и на нивните навивачи и на управата. Јас верувам во моите ракометари, имаме 20 играчи и сите може да играат на вакви натпревари.  Сакаме да се заблагодариме на управата за добриот ростер, бидејќи навистина можам да верувам во сите играчи од тимот“, изјави Милано.

 

Јагуриновски го одигра натпреварот на кариерата и беше избран за МВП!

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT