Словенечкиот репрезентативец Домен Макуц, кој настапува за Барселона, би можел да се пресели во редовите на Кил, пишува ,,Handball Base”. Преселбата на средниот бек во бундеслигашот би била во сезона 2026/2027, бидејќи има актуелен договор со каталонскиот клуб на уште една сезона.
Макуц потекнува од школата на Целје, дресот на словенечкиот клуб го носеше до сезона 2019/20, а потоа напави трансфер од соништата, потпишувајќи за европскиот гигант Барселона.
Во дресот на каталонскиот клуб освои бројни трофеи, стекна драгоцено искуство на највисоко ниво и се етаблираше како еден од најперспективните средни бекови во Европа.