Македонскиот интернационалец Бојан Маџовски ја заокружи сезоната со шампионски трофеј, откако со Партизан стана првак на Србија.
Клубот од Белград, по пауза од 13 години, повторно се искачи на тронот, совладувајќи ја Војводина со 2-0 во финалната серија. На првиот натпревар, кој беше одигран во Белград, Маџовски и колегите триумфираа со 29:25, а на вториот со шест гола разлика – 28:22.
За Маџовски ова е големо признание и дополнителен поттик во кариерата, а како што е познато, левото крило ќе си замине од новиот српски шампион. Негова замена ќе биде сегашниот член на Крка, Марко Николиќ.
Партизан сега има десет национални титули. Војводина по 13-годишната доминација во српскиот шампионат, ќе мора да се помири со второто место.