Легендата стави точка – Илиев го одигра последниот меч

241

Еден од најдобрите домашни играчи, искусниот Ивица Илиев денеска го одигра својот последен натпревар во кариерата, завршувајќи ја својата професионална патека во дресот на Радовиш.

Во вториот дел од тековната сезона, 37-годишниот Илиев се приклучи на Радовиш и со своето искуство и лидерски квалитети одигра клучна улога во обезбедувањето на опстанокот на клубот во суперлигашката конкуренција. Во својот последен натпревар, против Пролет, постигна четири погодоци.

Велешанецот во редовите на Радовиш се пресели од Борец Фруит Ленд, клуб кој што беше исклучен од Супер лигата.

Покрај за Радовиш и својот матичен клуб Борец, Илиев во текот на кариерата настапуваше и за екипите на Голден Арт и Овче Поле од Свети Николе.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT