Општина Битола ќе ги награди своите шампиони!

116

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја одбранија титулата и трет пат по ред се шампиони на Македонија. Во најважниот меч сезонава, битолчани тирумфираа над вечниот ривал, Вардар, со 32:30 (15:17).

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, најави дека на следната седница на Советот на Општина Битола ќе предложи награда од три милиони денари за старо-новиот шампион.

Битолскиот татко, исто така, ги повика сите битолчани, особено верните Чкембари, денеска во 20:00 часот да се соберат на платото пред Офицерскиот дом во Битола, за заедно да ги поздрават шампионите и да прослават уште една титула која им ја подари Еурофарм Пелистер.

Коњановски најави и дека ќе ја реактуелизира иницијативата за изградба на нова спортска сала во Битола, потенцирајќи дека градот и клубот заслужуваат современи услови за натпреварување и тренинг.

 

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT