Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше официјалните лица за полуфиналните натпревари од Ф4 турнирот во младинската Лига на шампиони кој ќе се одржи на 14 и 15 јуни.
Македонија ќе има свој претставник на завршниот турнир, откако Еурофарм Пелистер во Букурешт испиша историја и си обезбеди пласман меѓу најдобрите четири младински екипи.
Ривал во полуфиналето на избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски ќе биде данскиот ГОГ Гудме, а правдата на овој дуел ќе ја делат Марија Корина Бадеа и Барбара Цинтија Шандор од Романија. Делегати на натпреварот ќе бидат Бит Нагел од Швајцарија и Пол Несер од Луксембург.
Доколку младите пелистерци обезбедат финале, за златото ќе се борат со подобриот од дуелот меѓу Барселона и Веспрем.
Натпреварот меѓу македонскиот и данскиот тим е закажан за 14 јуни од 09:00 часот, а како што е познато, сите натпревари, освен финалето, ќе се играат во Дормаген, град во близината на Келн.
„Неки нови клинци“: Иднината на Еурофарм Пелистер и македонскиот ракомет е во сигурни раце