Македонскиот прволигаш Феникс денес го претстави новото засилување, трето во низа за претстојната сезона. Нов играч во редовите на тимот од Гази Баба е Маркис Дајвис, американски интернационалец кој ги покрива бековските и крилната позиција. 24-годишниот кошаркар познат по шутерскиот учинок својата колеџ кариера ја помина во редовите на силниот Универзитет Арксансас каде во својата последна сезона имаше просек од 9.8 поени и 4.5 скокови по натпреар. Дресот на Феникс ќе го облече и со веќе стекнато интернационално искуство. Маркис Дајвис минатата сезона настапуваше во финскиот шампионат за КТП Баскет, а добро му е познато и соседството бидејќи има играно во БиХ за Славија Сараево бележејќи просек од 7.6 поени и 5.0 скокови. Феникс претходно ги договори Мајлс Браун и Адам Сисе.
Претходна вест