Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарио Петровски, кој може да одигра на сите бековски позиции, останува во Германија, но ќе настапува за нов клуб. По настапите за Цвикау, Петровски ќе се пресели во редовите на нисколигашот ТГЛ од Ландсхут.
Битолчанецот во изминатата сезона постигна 123 гола на само 17 натпревари – сите од игра. И покрај повремените паузи поради повреди, тој беше најефикасниот играч во својот тим.
Петровски се приклучи на Цвикау во февруари 2024 година, а на интернационално ниво има освоено две титули, првата со шпанската Гвадалахара, а втората со италијанскиот Јуниор Фасано. Во својата интернационална кариера настапуваше и за Коњух од БиХ.
Во Македонија беше дел од првиот и вториот тим на Еурофарм Пелистер, а краток период го носеше и дресот на Струга.