Кошаркарите на Водно Санс ја освоија титулата во кадетска конкуренција, откако во финалето на Ф4 турнирот славеа против Вардар со 85:76.
Љубителите на кошарката во СРЦ „Кале“ уживаа во возбудливо финале, каде што двете екипи понудија квалитетна и неизвесна игра, но исто така ужуваа во талентот и енергијата што ја прикажаа нашите најмлади надежи.
Кај Водно Санс, поентерски се одвоија тројца кошаркари. Ангеловски финишираше со 29 поени (10 додавања и 4 скока), Стаменковски имаше дабл-дабл ефект од 24 поени и 15 скока (и четири асистенции), додека Стевков заврши со 13 поени и 10 скока.
Рајковски го предводеше кадетскиот состав на Вардар, реализираше 28 поени, но имаше и 9 скока и 7 асистенции, Трпчевиќ дојде до учинок од 15 поени и 9 скока.
За МВП, односно најкорисен играч беше прогласен Михаил Ангеловски од Воднос Санс.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
МЗТ Скопје Аеродром – Водно Санс 54:68
ИБА – Вардар 59:64
ЗА ТРЕТО МЕСТО
МЗТ Скопје Аеродром – ИБА 61:82
ФИНАЛЕ
Водно Санс – Вардар 85:76