Капитенот на Македонија и на старо-новиот шампион Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, денеска ги посети младинците на битолскиот клуб, кои овој викенд ќе настапат на Ф4 турнирот во младинската Лига на шампиони.
Избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски во полуфиналето ќе се соочат со ГОГ, а доколку изборат финалето, за златото ќе се борат против победникот од дуелот Барселона – Веспрем.
Кузмановски, освен што им посака среќа на младите надежи, сподели и неколку вредни совети од своето богато искуство.
Експедицијата на Еурофарм Пелистер утре патува за Келн и во терминот од 20:00 часот ќе го одржи официјалниот тренинг пред полуфиналето против ГОГ Гудме. Натпреварот за пласман во финалето се игра в сабота на 14 јуни во 09:00 часот во Дормаген.
Ф4 – младинска Лига на шампиони – распоред:
14/06, 09:00, Еурофарм Пелистер – ГОГ
14/06, 11:30, Барселона – Веспрем
15/06, 09:00, натпревар за 3-то место
15/06, 11:30, финале