Машката младинска репрезентација на Македонија отпатува за Варшава, каде што ќе одигра два пријателски натпревари, пред настапот на Светското младинско првенство.
Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ ќе ги тестираат силите против Саудиска Арабија и Јапонија, но во тимот на „црвено-жолтите“ ќе недостасува уште еден важен играч.
Станува збор за Дамјан Митев, кој се повреди минатото лето. Се врати на терените на почетокот на февруари, не добиваше многу минутажа и сè уште не е целосно закрепнат.
поради повреда ќе го пропушти младинскиот Мундијал. Претходно, кружниот напаѓач Самоил Ристевски се повреди на Ф4 турнирот во младинска конкуренција и го очекува подолг период на рехабилитација.
Македонија на Светското младинско првенство ќе се натпреварува во група со Фарски Острови, Исланд и Романија. Мундијалот ќе се одржи од 18 до 29 јуни.
Сите натпревари нашата репрезентација ќе се игра во „Сподек Арена“ во Катовице.